Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Законот за високо образование утре оди во владина процедура, завршна средба на МОН денеска и со коалицискиот владин партнер „Вреди“

Последната средба за новиот закон за високо образование Министерството за образование и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последната средба за новиот закон за високо образование Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја имало со владиниот колаициски партнер „Вреди“. Министерката Весна Јаневска соопшти дека било разговарано за шест точки во предложениеот текст, кој е веќе затворен за диксусија и ќе биде проследен во владина процедура. 

Како што рече, пет точки за кои било разговарано не биле спорни и биле и претходно дискутирани, а решение било најдено за шестата точка – Хиршовиот индекс. Со овој индекс (h-index) се мерат продуктивноста и влијанието (цитираноста) на научните публикации на истражувачите и тој влегува во критериумите за избор и напредување во академски звања. 

– Имавме шест точки, кои ги дискутиравме, и со сите шест се усогласивме и утре законот оди во владина процедура. Пет од точките и порано беа дискутирани затоа што ова беше континуиран процес и тие веќе воопшто не беа спорни. Последната точка за која дискутиравме беше Хиршовиот индекс, за кој исто така најдовме решение – тој да не биде основен елеменет како критериум за избор, туку да влезе во додатните елементи во критериум за избор. Во тој случај, кога двајца професори ќе имаат идентични бодови, пресуден да биде Хиршовиот индекс. Тоа сега е прифатено – појасни министерката одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настан организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво – ИНОВА.

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк: