Реклама
Економија

Закани за блокади од понеделник: ССМ бара 600 евра минималец; владата вели – може, но не веднаш

Блокада на Собранието од понеделник, најавува Сојузот на Синдикати. Велат дека пратениците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блокада на Собранието од понеделник, најавува Сојузот на Синдикати. Велат дека пратениците требало да почувствуваат како им било на работниците кои секојдневно се возеле со автобус без да добиваат пари за патни трошоци.

Барањата остануваат исти – минималец од 600 евра и линерано покачување на сите останати плати од 100 евра.

Пратениците во Собранието ќе бидат први кои ќе ги блокираме. Тие не блокираат цела година го чуваат законот во фиока и не сакаат да ги зголемат платите на работниците. И ќе ги пречекаме да ги потсетиме дека треба да гласаат, дека таму се заради нас и дека ние сме ги бирале, рече Трендафилов.  

Реклама

Од Владата во повеќе наврати информираа дека ќе го поддржат секое зголемување на платите што ќе го договорат синдикалците и работодавачите, но и дека законски минималецот секако ќе порасне веќе во март, за околу 1.700 денари.

Работодавачите претходно изјавија дека и тие се за покачување на платите на работниците, но поради лошата економска состојба во која се наоѓаат малите и средни претпријатија не можат да го зголемат личниот доход повеќе од она што го предвидува законот.

Синдикатот бара и покачување на сите плати во администрацијата за 40%. Велат дека се подготвени веднаш да го прифатат тоа.

Го повикувам претставникот на Владата да дојде тука во понеделник во 9 часот, да дојде во ССМ да се потпише колекитвниот договор со кој ги зглемува платите за 40% како што пишува во соопштението и исто така наместо во 2028 година, да ја зголемиме минималната плата од 2026 година. Го чекаме, порача претседателот на ССМ.

Премеирот, пак, вели дека 40% покачување на платите во администрацијата е достижно, но во наредните три години. И според сегашните законски одредби ќе се стигне до тој процент, но Синдикатот мора да прифати нов колективен договор по истекот на овој рок.

Ако е 30.000 денари просечната плата. Сега во месец април, за март месец ќе имаме нивелирање за просечната плата која ќе се зголеми. Да претпоставиме дека таа ќе се зголеми за 1500 денари. Тогаш овие 30.000 денари, плус 1500 денари зголемени за 8%ќе дадат збор X парички. Следната година април 2027 тие X парички повторно ќе се зголемат за минималната плата, да претпоставиме дека ќе бид еповторно 1500денари, тој збир X плус 1500 денари ќе се зголемат за 8% и ќе добиеме Y парички. Третата година 2028 година, во април месец овие Y парички повторно ќе се зголемат за минималната плата од 1500 денари и сето тоа ќе се зголеми за 8%и ќе добиеме Z парички. Овие Z парички ќе бидат за минимум 40% повеќе од 30.000 денари, појасни Премиерот Хриситјан Мицкоски.   

Инаку, мартовската минимална плата се очекува да биде зголемена за околу 1700 денари, согласно законот кој предвидува платата да не биде пониска од 57% од просечната плата исплатена во државата, а се пресметува со посебна формула, која изнесува 50% трошоци на живот и 50% од раст на просечна плата.