Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Забрана за риболов  на Дебарско Езеро на неколку вида риба, поради мрест

Согласно правилата за заштита на рибниот фонд за време на мрестот, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно правилата за заштита на рибниот фонд за време на мрестот, од почетокот на мај се воведува едномесечна забрана за риболов на  два вида риба на Дебарско Езеро. 
 
– Поконкретно се воведува забрана за риболов на клен  во периодот од први до 31 мај, како и забрана за риболов на крап од 5 мај до 10 јуни. Од 15 мај до 30 јуни ќе има забрана за лов на црна мрена а колку за потсетување во тек е забрана за риболов на скобал, која трае до 15 мај, рече за МИА, Бели Халити, претседател на Спортското риболовни друштво “Трофта”. 
 
Посочува дека секое непочитување на забраната во овој период ќе биде санкционирано согласно закон. 
 
-Апелирам строго да се почитуваат овие рокови, со цел заштита и зголемување на рибниот фонд во езерото и заедно да придонесеме  за чиста животна средина и одржлив риболов, порачува Халити. 


 
СРД “Трофта” (Пастрмка) е концесионер на езерото од февруари 2025 година во времетраење од 12 години.  
 
Дебарско Езеро е познато по богатата флора и фауна, а дава и идеални услови и за водни спортови.