Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

Вреди се обидинува во една партија – Меџити најавува нова политичка сила

Лидерите на партиите во составот на Вреди, утре ќе го стават потписот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерите на партиите во составот на Вреди, утре ќе го стават потписот за формирање на единствен политички субјект. Не сите веруваа дека ВРЕДИ ќе стигне до тука – до големо обедиванување – бидејќи имаше многумина кои очекуваа поделби, замор и неуспех, но и такви што отворено работеа процесот да не успее“, наведуваат од коалицијата. За еден од лидерите, Изет Меџити со ова партијата ќе се факторизира и по формирањето ќе ги отвори вратите за нови членови.

  • ВЛЕН со ова се факторизира, станува поголема, ќе има поголема апсорциона моќ поготово кај независното членство и кај незадоволните од албанската опозиција. И тоа ќе се види веднаш по формирањето. Ако мислите на реконструкција на Владата, тоа е друга тема. Штом ќе го завршиме ова, со премиерот сме начелно договорени за реконструкција на Владата, но само начелно. Не сме ги преговарале ниту принципите, ниту дали ќе има замена на ресорите..рече Изет Меџити – Градоначалник на Чаир, ВРЕДИ.

Меџити потврди дека министерот Фатмир Лимани нема да биде дел од новата партија, а се поизвесно е дека тој нема да биде дел ниту во владата по нејзината реконструкција. Јасно е дека вицепремиерот Арбен Фетаи исто така отпаѓа од игра откако Азир Алиу добил поголема поддршка во Алијанса за Албанците.

Следната година е одлична можност, Владата и општините ќе може да се посветат на реализирање на проектите, вели Меџити, според кој нема ниту една причина поради која би се одржале предвремени парламентарни избори.

Реклама
  • Ова е единствена година во која нема ниту парламентарни, ниту претседателски, ниту локални избори, е добра можност Владата и општините да се посветат на реализација на програмата, идеи, ветувањата кои што одат повеќе во интерес на граѓаните, на бизнисот и економскиот развор. Имајќи предвид дека има огромно мнозинство во Собранието, скоро 2/3, не гледам ниту еден фактор кој оди во прилог на предвремени парламентарни избори. Постојано се соочуваме со барања од албанската опозиција за предвремени избори, но не дека ги посакуваат, бидејќи имаше локални избори и видовме кој беше резултатот. Од 13 општини паднаа на 3, и тоа не урбани туку периферни општини. Така да и анкетите тоа го покажуваат. Тоа им е механизам, како да го задржат членството да не им побегне целото членство во ВЛЕН“ рече Изет Меџити – Градоначалник на Чаир, ВРЕДИ.

Се очекува, утре 850 делегати на ВРЕДИ да ги поддржат предлозите Изет Меџити и Билал Касами  да бидат копретседатели, а Беким Сали генерален секретар. Во најтесното раководство се очекува да бидат пратениците Мимоза Муса и Беким Ќоку. Висока партиска позиција веројатно ќе добие и Зеќирија Ибрахими кој го наследи собранискиот спикер Африм Гаши во Алтернатива.