Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВРЕДИ: Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи ДУИ веќе не брани народ, туку исклучиво ги штити криминалците што му се по мерак на Али Ахмети

Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не брани народ, туку исклучиво ги штити криминалците што му се по мерак на Али Ахмети, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.
 
Додека институциите конечно го расплетуваат деценискиот криминален јазол, оваа партија се враќа на својата единствена фабричка поставка, ширење лажни вести и глумење политички жртви. Но, граѓаните веќе не ги купуваат нивните евтини сценарија; времето кога криминалот се криеше зад националното знаме е неповратно завршено.
 
Али Ахмети и неговата „прва гарда“ се последните кои смеат да зборуваат за чест и национални интереси. Јавноста добро знае, а архивите потврдуваат: ДУИ беа и останаа најверните слуги на Сашо Мијалков, со кого во тесни кругови ги договараа матните бизниси што ги збогатија нивните фамилии, а ги осиромашија Албанците.
 
Смешно е и трагично кога за морал зборува Бујар Османи, единствениот Албанец за кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со докази тврдеше дека е вмешан во тежок криминал. Османи не е никаков европски политичар, туку обичен политички профитер кој наместо да држи предавања по медиумите, одамна требаше да дава одговори пред истражните органи за своите престапи.
 
На истата линија на срамот стои и Блерим Беџети. Човекот кој денес очајнички се обидува да се сокрие зад иронични слогани е всушност симбол на заробената правда.
 
Нивните оркестрирани напади против Изет Меџити се класична проекција на сопствениот страв. Додека ДУИ измислува фиктивни „досиеја“, реалноста ги демантира со факти: токму нивните кадри овие денови се соочуваат со откривање во јавност и кривични пријави за злоупотреби тешки над 700.000 евра.
 
ДУИ денес функционира како адвокатска канцеларија на подземјето, каде за Ахмети обичниот Албанец е само бројка за гласање, а неговите мили функционерите се штитови за заштита на неговиот личен капитал.
 
ВЛЕН нема да дозволи корупцијата да се маскира со патриотски пароли. Времето на неказнивост за „недопирливите“ од Речица заврши. Секој украден денар од џебот на граѓаните и од џебот на албанскиот народ ќе биде вратен, а паниката на Ахмети, Османи и Беџети е само најсигурниот доказ дека правдата конечно тропна на нивната врата.

Ние продолжуваме со редот и законот, а нив ги оставаме да се дават во сопствените лаги.