Реклама

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Македонија

ВРЕДИ: Конгресот на обединувањето се приближува

Иднината им припаѓа на оние што знаат да се обединат околу заедничките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иднината им припаѓа на оние што знаат да се обединат околу заедничките вредности. Тоа го докажува ВЛЕН, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ.

На 9 мај, на Денот на Европа, ВЛЕН го одржува Конгресот на обединувањето како зрел политички процес и од него ќе излезе како единствена сила, со едно име, насока и мисија.

Пет политички субјекти стануваат едно тело, сила која во својата суштина ги има владеењето на правото, нулта толеранција кон корупцијата, независно судство, европскиот пат, партнерството со НАТО и заштитата на семејството, традицијата, културата и идентитетот.

Реклама

На Конгресот на обединувањето, 850 делегати ќе ја запечатат оваа насока. Од соработка кон обединување, од координација кон заедничка сила, од ветување пред Албанците до политичка реалност.

Оние што се навикнати да опстојуваат од поделби, денес не се мирни. Пет партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВЛЕН нема да се обедини. Еве дојде денот кога обединувањето станува факт, а манипулацијата невозможна.

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силен, голем ВЛЕН, распространета од Липково до Струга. ВЛЕН ЕДНО. ВЛЕН доаѓа!