Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е заглавен во 2008

Што прави пустата желба за функционерски фотељи? Бујар Османи ни две години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што прави пустата желба за функционерски фотељи? Бујар Османи ни две години не може да издржи ако не е министер. Истото важи за сите останати членови на ова нереформирано ДУИ, пишува во денешното соопштение на ВРЕДИ.

Просто е жално да го гледаме ДУИ како го потценува сопствениот народ. Нивната теза дека Албанците ги уживаат своите политички и демократски права само кога ДУИ е дежурен партнер во Владите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е лицемерен и лажен. Тие потврдуваат дека се борат за гола власт и тендери и дека воопшто не им е гајле за Албанскиот народ, кој го користеле и сакаат повторно да го злоупотребат за лично богатење.

ДУИ игра со стари адути. Уште е заглавен во филмот 2008. Тогаш се потпиша Мајскиот договор и Али Ахмети стана партнер на Груевски и Мијалков и заедно го создадоа режимот кој ги газеше Албанците. Во ова политичко лицемерие на ДУИ има и позитивна страна.

Реклама

Со своето поведение несвесно признаваат дека нам во наследтво ни оставиле половични алатки, фалични закони, недорешени прашања, кои се потврда дека се што зборувал ДУИ бил гол популизам кој мачкал очи наместо вистински да ги решава проблемите на Албанците. Времето кога Али Ахмети имаше образ и морална кичма да зборува за интересите на Албанскиот народ во Македонија и Балканот одамна заврши. Аферата “Соравија” и купиштата скандали потврдија дека парите му се поважни од националните чувства, политички му пресудија!