Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Македонија

Воведена нова образовна квалификација за мехатроника на камиони и тешки товарни возила во СУГС „Владо Тасевски“

Во средното училиште СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје воведена е нова образовна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во средното училиште СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје воведена е нова образовна квалификација за специјалист за мехатроника на камиони и тешки товарни возила, а првата група од 15 учесници денеска ја започна обуката.

Како што соопштуваат од Минстерството за образование, станува збор за програма наменета за стекнување стручни и практични вештини во област за која, според надлежните, постои зголемена побарувачка на пазарот на трудот.

Програмата е развиена преку соработка на Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, СУГС „Владо Тасевски“, Кралството Шведска, компанијата „Волво Груп“ и швајцарската организација „Хелветас“, со цел обезбедување кадар со знаења и компетенции усогласени со потребите на индустријата.

Реклама

Како што истакнала државната секретарка во Министерството за образование и наука Елена Ивановска програмата претставува уште еден чекор во јакнењето на средното стручно образование и неговото поврзување со реалниот сектор.

– Средното стручно образование е една од нашите силни страни, а со вакви иницијативи го правиме образовниот систем уште посилен, пофункционален и поефективен. Особено е значајно што учесниците ќе имаат можност да добијат практична обука со поддршка на компанија од светски ранг во автомобилската индустрија. Очекувам оваа група да прерасне во квалитетен и конкурентен стручен кадар, подготвен да одговори на потребите на компаниите и пазарот на труд – истакна државниот секретар во МОН Елена Ивановска, на промоцијата и стартот на програмата, пренесуваат од МОН.

Таа изразила очекување новата програма во иднина да прерасне во формална образовна квалификација и да стане дел од редовниот образовен систем.

Според неа, Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за развој на стручното образование и Бирото за развој на образованието, ќе работи на подготовка на наставна програма и учебници, како и на обезбедување дополнителна опрема за практична настава доколку за тоа има потреба.

Од Министерството посочуваат дека воведувањето на новата квалификација претставува пример за партнерство меѓу образовните институции, бизнис-заедницата и меѓународните организации во создавањето образовни програми што ја зголемуваат вработливоста на граѓаните и придонесуваат за развојот на домашната економија.