Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Во Собранието се одржа комисиска расправа по предлогот на закон за Советот на јавните обвинители

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одржа расправа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одржа расправа на која денеска беа разгледани и се одлучуваше по 26 амандмани за измени и дополнување на предлогот на закон за Советот на јавните обвинители на Македонија, второ читање, предложен од Министерството за правда.

За предлозите на пратениците, членови на Комисијата, јавно произнесување и образложенија даде заменик министерот за правда Ален Деребан кој прифати амандмани предложени од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, амандмани предложени од пратениците на СДСМ и коалицијата, а еден амандман предложен од опозицијата, Министерството за правда делумно прифати за што беше извршено заедничко усогласување на текстот.

Амандманот за менување на членот 9, алинеа 15, поднесен од група пратеници, го образложи пратеникот и претседател на комисијата Љупчо Пренџов. 

Реклама

-Овој амандман го поднесуваме со цел во развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028 година во која е констатирана актуелната состојба и потреби, да се предвиди поактивна улога на Советот на јавните обвинители на Република Македонија во текот на надзорот, како и овозможување на Советот да иницира надзор, посочи Пренџов, чиј амандман Министерството за правда го прифати.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница неизгласа 13 предложени амандмани, 6 амандмани беа повлечени од предлагачите, а два комисиски амандмани беа едногласно прифатени заради номотехничко допрецизирање на текстот на законското решение.

Предлогот на закон за Советот на јавните обвинители продолжува во понатамошна собраниска постапка.