Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Македонија

Во КИЦ Софија збогатување на библиотечниот фонд по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, значаен датум посветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, значаен датум посветен на негувањето, афирмацијата и заштитата на македонскиот јазик, библиотеката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија беше збогатена со вредна донација на научни изданија.

Како што се наведува во соопштението од КИЦ Софија, овој значаен придонес бил реализиран од страна на директорот на Националниот конзерваторски центар Скопје, м-р Александар Јорданоски, чија поддршка претставува важен поттик за унапредување на научната мисла и продлабочување на културната и стручната соработка.

Донацијата ја прими директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, кој по тој повод изрази искрена благодарност за вредниот придонес истакнувајќи ја важноста на ваквите иницијативи за збогатување на библиотечниот фонд и за унапредување на културната и научната размена.

Реклама

– Со оваа донација се овозможи значително проширување на фондот на научна литература, при што особено се зајакнува конзерваторската област – клучен сегмент во истражувањето, заштитата и зачувувањето на историското културно наследство. Конзерваторството како научна и стручна дисциплина има суштинска улога во зачувувањето на автентичноста и вредноста на културните добра, а ваквите изданија претставуваат значаен извор на знаење за стручната јавност, истражувачите, студентите и сите заинтересирани за оваа област – стои во соопштението на КИЦ Софија.

Македонскиот културно-информативен центар во Софија, како и библиотеката, која функционира во негови рамки, континуирано го збогатуваат својот книжевен фонд со нови книжевни и научни изданија следејќи ја својата мисија за промоција на културата, јазикот и научната мисла. Преку внимателен избор на литература се создава простор, кој ги обединува традицијата и современите текови во македонската, европската и светската литература и наука.

Од Културно-информативниот центар наведуваат дека библиотеката е отворена за сите заинтересирани читатели, истражувачи и љубители на книгата, кои имаат можност да ги користат изданијата од разни книжевни жанрови, како и стручна и научна литература од областа на македонската, европската и светската култура и наука. На тој начин таа претставува значаен културен и образовен ресурс, кој активно придонесува за ширење на знаењето, поттикнување на културниот дијалог и јакнење на културните врски.

– Овој гест на донација претставува уште една потврда за важноста на заедничките напори во негувањето, зачувувањето и промоцијата на културните вредности, како и за значењето на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет и духовното наследство. Воедно, ваквите иницијативи придонесуваат за зацврстување на меѓуинституционалната соработка и за афирмација на македонската култура во меѓународен контекст – додаваат од КИЦ Софија.