Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Во Берово започна со изградба новата мултифункционална сала во Домот на култура „Димитар Беровски“

Во Берово денеска официјално започна реализацијата на еден од најзначајните капитални проекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Берово денеска официјално започна реализацијата на еден од најзначајните капитални проекти за општината – изградбата на нова мултифункционална сала во рамките на Домот на култура „Димитар Беровски“, инвестиција вредна над 115 милиони денари.

Со воведување во работа на изведувачот Фабрика Карпош, стартува изградбата на современ објект кој ќе биде наменет за одржување концерти, театарски претстави, филмски проекции, свечености и други културни настани. Надзорот над изградбата ќе го врши Градежник ИНГ.

-Новата сала ќе биде изградена на местото на поранешното кино, простор кој со децении претставуваше значаен дел од културниот живот во градот. Со новиот проект, локалната самоуправа има за цел да обезбеди модерен и функционален простор кој ќе ги задоволува современите стандарди за енергетска ефикасност и техничка опременост, информираа од Општината.

Реклама

Оттаму посочуваат дека изградбата на мултифункционалната сала претставува значаен чекор во модернизацијата на културната инфраструктура и инвестиција во иднината на локалната заедница.

– Со започнувањето на градежните активности, Берово добива нов симбол на напредокот и достоинствен простор што ќе ги обединува генерациите, ќе создава нови вредности и ќе биде гордост на целиот регион, наведуваат од Општината. 

Според локалните власти, новиот објект ќе овозможи подобри услови за развој на културниот живот, ќе создаде можности за организација на разновидни настани и ќе придонесе за зголемување на атрактивноста на Берово како културен центар во регионот.

Реализацијата на проектот е овозможена со поддршка од Владата и Министерството за култура и туризам, на кои од општината им изразија благодарност за поддршката во спроведувањето на проектот.

Со оваа капитална инвестиција, Берово прави значаен исчекор кон унапредување на јавната инфраструктура и создавање современи услови за културен развој, со што се отвора ново поглавје во развојот на општината.