Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во водство во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1 и ЗНАМ во 1

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 91,60%…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 91,60% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга.

ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.

Коалицијата ВРЕДИ води во Тетово, Боговиње, Дебар и Долнени, додека, кандидатите на СДСМ имаат водство во Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во Студеничани, а независниот каднидат Менди Ќура во Струга.

Реклама

Кандидатот на ЗНАМ води во Куманово, а на Унијата на Роми во Шуто Оризари. Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.