Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во очајна потрага по добра вест Филипче слави победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ крах систем

На последните парламентарни избори во 2024 година, СДСМ освои 18 пратеници што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На последните парламентарни избори во 2024 година, СДСМ освои 18 пратеници што е најнизок резултат во историјата на партијата. На локалните избори минатата година, партијата се сведе на 130 илјади гласови.

Ако трендот продолжи со ист интензитет, следните избори може да ја донесат бројката под 100 илјади.  Катастрофата веќе се случува кај СДСМ. А Филипче слави, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ одлучи да прослави победа на политичка партија на избори во друга земја како дa е негова лична победа. Партијата која победи таму е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ. Она што Филипче избра да не го спомене е дека сестринската партија на СДСМ на истите тие избори доживеа дебакл.

Реклама

Дали има некој во СДСМ капацитет да го сфати сериозно падот на довербата во партијата?

Постои реален свет, и наспроти тоа постои Филипче како Алиса во земјата на чудата.

Не е ова прв пат да не се во контакт со реалноста, Филипче веќе имаше слична изведба по локалните избори во земјава минатата година, катастрофален пораз прикажан со речник на некоj кој штотуку победил.

Оттука, јавноста има право да знае, колку ќе трае  епизодата на СДСМ и колку долго ќе ја одржуваат оваа конструкција комплетно спротивна на реалноста.

До кога СДСМ ќе продолжи да се однесува како да не ја разбира сопствената политичка позиција и кога конечно планира да ја прифати реалноста дека е опозиција во Македонија?

Наместо СДСМ да се насочат кон темите дома и да ги размислат причините за нивните резултати, тие слават туѓи изборни процеси кои немаат никаква врска со нив.

Немаат намера да дадат одговори на клучни прашања, немаат намера за самокорекција, а очигледно немаат намера ни да се консолидираат.