Земјоделците повторно ќе можат да ги користат финансиските средства од ИПАРД програмата. Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, навремено реагираше и го активираше националниот механизам, поврзан со случајот во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците, побарано беше од Брисел да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка врз институциите и земјоделците, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно целосната и детална контрола од страна на Европската Комисија за користење на средствата од ИПАРД програмата, утврдено е дека нема неправилности во самите постапки, што значи дека системот функционира.
Да разјасниме за јавноста дека Брисел никогаш не ги блокираше средствата, како што опозицијата предводена од СДСМ ги лажеше земјоделците.

Наместо лаги и шпекулации, ние се фокусиравме на транспарентност, соработка со европските институции и заштеда на средствата на земјоделците.
Ова е само уште еден доказ и демант за лагите на СДСМ кои секојдневно ги шири во јавноста.
