Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија

СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, СДСМ ја доведе државата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, СДСМ ја доведе државата на раб на банкрот после целиот криминал од епски размери, и ниту една инвестиција, а ги остави граѓаните со празни џебови, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е партија која додека беше на власт потроши милионски буџети, а немаше ниту една инвестиција, ниту пак капитални проекти.

СДСМ ги осиромаши граѓаните и ги остави со празни џебови додека буџетската каса ја испразни, а државата ја остави на раб на банкрот.

Реклама

СДСМ континуирано води политика и ПР стратегија со која што шири лаги и манипулира.

СДСМ лажеа дека државата ќе банкротира, но не само што државата не банкротира, туку се зголемија и платите, дека мигранти ќе дојдат, дека ИПАРД средствата за земјоделците се блокирани, но Брисел потврди дека нема никакви неправилности со фондовите и ги демантира.

СДСМ продолжуваат да растураат пердуви во јавноста, СДСМ лажеше дека ќе банкротираме, не банкротиравме. Напротив, се зголемија платите, се испочитуваа Колективните договори.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за подобрување на платите, состојбите и условите за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспаретно и одговорно во интерес на граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секоја категорија на граѓани и зголемување на животниот стандард.