Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба Филипче да се изначека за премиерска фотелја, сега нека повика Васко Ковачевски да се врати од бегство, а Зоран и Вице да одговараат за криминал

Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДСМ даде ветување дека првиот премиерски потпис ќе го стави на закон против корупција. Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерско место, на кое никогаш нема да седне, туку може веднаш да повика Васко Ковачевски екс директорот на РЕК да се врати од бегство и да одговара пред лицето на правдата за сомнежите за криминал, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владее чувството дека за многу скоро Венко Филипче ќе треба да одговара за набавката на кинеските вакцини Стабри и провизиите што ги договараше во ковид кризата, како и за изгорената модуларна болница поставена без потребното одобрение.

Воедно и браќата далтони Вице и Зоран Заев треба да одговараат за основани сомнежи за криминал за повеќе договори, како за РЕК, така и за необјаснивиот наплив на имот што му овозможи на Заев да има авио компании, да гради во Дубаи и купува плантажи во Кенија.

Реклама

Ги разбираме мотивите на Филипче да го сокрие криминалот кој пробаа да си го амнестираат со измените на Кривичниот законик, но тоа нема да ги спаси од одговорност.