Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кризата во раководството ги парализира реформите во СДСМ

СДСМ е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДСМ од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, лични интереси и предавства. 

Филипче под менторство на Заев, ја уништи довербата кај граѓаните и симпатизерите на СДСМ, а партијата ја сведе на 120 илјади гласа, што е огромен политички неуспех на раководство во СДСМ.

Реклама

Филипче ја турка СДСМ во лидерска криза. Филипче ниту кај поранешни функционери и симпатизери на СДСМ, не е перципиран како лидер и не ужива доверба. Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДСМ.

Дури и најгласните поддржувачи и некогашни функционери во СДСМ денес одбиваат да бидат дел од СДСМ.  Никој повеќе не сака да стои зад Филипче, кој со својата неспособност и лукративни цели на кланот Заеви ја закопа партијата на дното.

СДСМ  се соочува со лидерска криза кој ја блокира реформата во партијата. Единствениот чекор, кој може да ја спаси СДСМ од целосен распад, е итна оставка на Филипче и започнување на вистински внатрешни реформи.