Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вели дека Кошта лаже дека ги спроведуваме реформите, притоа сам потврдува дека може да има блокади и во иднина

Венко Филипче со секој свој јавен настап, само ја потврдува тезата дека е најмекото ткиво коешто македонското општество некогаш го имало, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Низ историја, во различни периоди, Македонија имала најразлични предавници кои тајно и во затскриена форма ги предавале македонските национални интереси и македонскиот народ. Но, за жал, ова со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче со секој свој јавен настап, само ја потврдува тезата дека е најмекото ткиво коешто македонското општество некогаш го имало, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Низ историја, во различни периоди, Македонија имала најразлични предавници кои тајно и во затскриена форма ги предавале македонските национални интереси и македонскиот народ.

Но, за жал, ова со Венко Филипче за прв пат се случува вака отворено да работи против македонските национални интереси и јавно, уште недојден на власт, да ги застапува интересите на туѓите држави, во случајот Бугарија.

Реклама

Слушајќи го Филипче и слушајќи ги бугарските владини претставници, не можеме да видиме разлики во нивните ставови. И официјална Софија и СДСМ и Венко Филипче велат дека Македонија не разговара со Бугарија, туку дека разговара со Европската Унија. И СДСМ и Венко Филипче, исто како и Бугарија велат дека уставните измени се единствениот начин да се продолжи европскиот пат.

Кога сме кај уставните измени, мекотелот Филипче оди чекор понатаму, и за него Бугарите во македонскиот Устав се единствената реформа. Иако Реформската агенда се спроведува и на неа се работи посветено и таа е потврдена и од европските институции, за што доделија и 65,7 милиони евра, што најмногу од сите земји во регионот, Филипче тоа не го гледа, за него тоа не е реформа.

Дополнително на тоа, континуираниот напредок и посветеноста на Владата во спроведувањето на Реформската агенда, вчера ги пофали и самиот Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет, на прес-конференција во Скопје.

Но, Венко Филипче одлучи да се стави над релевантните европски институции и претставници, при што вели дека Кошта лаже дека спроведуваме реформи.

Од друга страна, Филипче пак којшто тврди дека само уставните измени се пречка за продолжување на евроинтегративниот пат, веќе признава дека блокади на патот кон ЕУ од Бугарија може да има и во иднина.

Затоа му порачуваме на Филипче, без јасна предвидливост и гаранции за европскиот пат, како и реципроцитет од бугарска страна, нема уставни измени со цел внесување на две, три илјади македонски граѓани кои себе си се чувствуваат за Бугари.