Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е без црвени линии и ја релативизира Бугарската негација на Македонија додека држи европска реторика а соработува со бизнисмени со проруска ориентација

Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев потврди дека е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче кажа дека „Бугарија не го негира идентитетот на Македонија“  и покрај отвореното негирање на Бугарија на идентитетот, на Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебнмиците, покрај оспорувањето на јазикот, Филипче ја потврди неговата сервилност и спремност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка за државата.

Тоа е доказ дека СДСМ на чело со Филипче е конзистентен во предавничките политики исто како и неговиот гуру Заев.

Реклама

Филипче нема црвени линии и заборава дека токму тој став  и погрешната политиката на отстапки на СДСМ, Заев и останатите во минатото ја доведоа државата во состојба на константни уцени и блокади од Бугарија.

Додека Филипче ја убедува јавноста дека „нема проблем“, во позадина е спремен на се и секакви отстапки кои директно удираат врз македонските интереси.

Токму затоa Филипче и СДСМ од една страна се претставуваат како проевропски додека соработуваат со проруски бизнисмени како Онишченко, Борче Марковски и Дака.

Филипче и СДСМ се проевропски само кога тоа им треба како во кампања кога ветуваа бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето тоа добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ.

Филипче и СДСМ се проевропски само кога прават злоупотреба на европско знаменце во Собранието, а во реалноста делеа тендери, државјанства и вдомуваа луѓе блиски до Путин.

Додека СДСМ и Филипче се продаваат како проевропски, владеењето на СДСМ беше обележано по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.

Покрај Онишченко, кого СДСМ го вдомија во државата и му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.

Неопходна е јасна стратегија и јасен план за интеграцијата на државата, со прецизно дефинирани државни позиции кои ќе бидат доследно бранети и почитувани. СДСМ и Филипче не го нудат тоа и немаат црвени линии.