Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека конците се во раце на Заев СДСМ нема да застане на свои нозе

СДСМ не ја води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ не ја води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател.

Заев е олицетворение на криминал, корупција и човек кој се пазари за се па дури и за државните и национални интереси, а Филипче е личност што слепо го следи и се воодушевува на неговиот ментор.

Реклама

СДСМ денес е јасен пример за партија без вистинско раководство и без сопствена насока. Наместо лидерство, гледаме извршување на туѓи насоки и одржување на старите структури на Заев.

Филипче може да тврди што сака, но реалноста е поинаква, СДСМ не ја води тој. Партијата е заробена во истите кругови што ја доведоа до пад на довербата кај граѓаните и членството од само 130 илјади гласа.

Додека граѓаните очекуваат одговорност, реформи и нов почеток, СДСМ продолжува со истите лица и истите политики.

СДСМ денес е партија која не се реформира и обвновува туку напротив продолжува да тоне со деструктивните политики на Филипче.

Се додека Филипче и СДСМ јасно не се дистанцираат од минатото, од Зоран Заев и од влијанијата што ја држат партијата во место, нема иднина за СДСМ.

Се додека СДСМ и Филипче не се откажат од Заев нема вистинска промена во СДСМ, напротив продолжување на статус кво кое ја носи партијата уште подлабоко на маргините.