Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДСМ да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целосни отуѓени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целосни отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со сопствените слабости, и покрај реакции од јавноста дека Филипче ја води партијата во бездна, и покрај тоа што нивни, сега поранешни, членови и функционери јавно се огласуваат за истото. Најново, по изборите во Унгарија, каде победи партијата Тиса, која инаку е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ а не на СДСМ, очајнички бараат некоја утеха занимавајќи се со избори во друга држава и туѓи политички приказни, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче на пример, се однесува како тој лично да има удел во победата на таа партија. Од друга страна, сестринската партија на СДСМ, на истите тие избори доживеа дебакл.

За тоа досега нема коментар. За било каква насока за СДСМ нема коментар. Ама има коментар за се останато.

Реклама

Филипче имаше коментар за стратешкиот договор со Велика Британија, дека наводно договорот бил договор за носење мигранти во земјава. Откако беа демантирани од сите релевантни институции, па дури и од британскиот амбасадор во земјава, останаа без коментар.

Владата преку тој договор ја постави Македонија рамо до рамо со големите светски сили. Ама јасно е дека на Филипче не му е дојдено до интересите на Македонија.

Потоа Филипче имаше коментар за тарифите од страна на САД, па кога Владата потпиша Заедничка изјава со САД и се намалија тарифите, немаше коментар.

Во контекст на постмониторингот со Советот на Европа, ВМРО-ДПМНЕ за помалку од две години власт го заврши истиот. 7 години не им беа доволни на СДСМ да го завршат, а сега велат тие го направиле тоа.

На никој не му е јасно што прави Филипче. На Филипче не му е јасно што прави Филипче. Освен тоа што ги продолжува антидржавните политики, кои инаку се печат на времето на владеење на Заев.

А факт е дека тој настапува со некој победнички тон, додека СДСМ пропаѓа континуирано.

Се скараа со сопартијци, оттурнаа поранешни функционери, влегоа во конфликт со медиуми со новинари, а сега веќе отворено иницираат кавги со други држави и нивни претставници во земјава.

Можат да се обидуваат да спинуваат, но бројките не можат да ги сменат.

СДСМ се сведе на 130 илјади гласови по локалните избори минатата година, а ќе се сведи на уште помалку на следни избори, според тоа како Филипче ја води партијата.

Најзагрижувачко е што ни ова не го вознемирува Филипче.

Преку ПР-от на Башановиќ истата матрица продолжува. Се занимаваат со лаги и конструкции, постојано некој води црна кампања против нив, и тие постојано се жртва.

Никој освен Филипче не води црна кампања против СДСМ, и да, точно е дека Филипче и СДСМ се однесуваат како Алиса во земјата на чудата. Шират паника за работи кои не постојат, како тоа за мигрантите, и постојано се во контрадикција со реалноста, не им е јасно во која земја се опозиција, не им е јасно каде стојат со сестринските партии, не им е јасно кого поддржуваат, не им е јасно што се случува и не се во координација едни со други внатре.

СДСМ и Венко Филипче да почнат да се занимаваат со партијата, затоа што со ова темпо ќе ја доведат до раб на исчезнување.