Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Уставниот суд ја отфрли иницијатива за пензии, поведе постапки за детска заштита и „регулаторна гилотина“

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои оствариле право на пензија според истиот закон, но живеат и ја примаат пензијата во државата. И покрај тоа што правото на пензија го остварил согласно важечкиот закон, со оспорените одредби тоа право му се ограничува врз основа на местото на живеење, што претставува повреда на уставно загарантираните права, се наведува во иницијативата. 

Истовремено, Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Македонија“ од Законот за заштита на децата, по иницијатива поднесена од Кирил Михајлоски. Подносителот тврди дека со воведувањето на условот „родено на територијата на Македонија“ се ставаат во понеповолна положба за добивање на еднократна парична помош, деца чии родители се државјани на Македонија, а кои се родени во странство, во однос на деца чии родители се исто така државјани на Македонија, но кои се родени на територијата на државата. Според подносителот местото на раѓање не зависи од волјата на детето, ниту пак може да биде релевантен критериум за остварување права од областа на детската заштита.

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина.

Реклама

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 74 од Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација.

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 7 од Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија, донесен од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија на седницата одржана на ден 02.11.2024 година и на ден 03.11.2024 година и објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија.

Иницијативите кои се однесуваат на измените на Законот за градење беа повлечени од дневниот ред, со цел дополнително разгледување и утврдување на околностите.