Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година

Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници, кои имаат обврска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 1.1.2026 – 31.3.2026 година и 1.3.2026 – 31.3.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април 2026 година (понеделник).

Според најновите податоци, од вкупно 42.605 очекувани пријави, досега се поднесени 13.934 ДДВ-04 пријави, што претставува 32,71 % од вкупниот број очекувани месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави. Ги охрабруваме сите даночни обврзници да постапат одговорно и навремено да ја исполнат својата законска обврска, како и да ги достават сите потребни документи до своите сметководители со цел навремена, точна и ефикасна обработка на даночните пријави за наведениот период.

Со доследно почитување на роковите даночните обврзници активно ги минимизираат ризиците од казни и камати, обезбедуваат континуитет во финансиското планирање и ја зголемуваат предвидливоста во деловните процеси. Истовремено, навременото доставување точни ДДВ-04 пријави овозможува поефикасна и побрза обработка од страна на УЈП, со што се намалува административниот товар и се зајакнува усогласеноста со даночните прописи.