Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од денешната средба на директорката на УЈП Елена Петрова со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и заменик претседателот на УСС – УКИМ Адам Стојановски.

Во тој контекст, како што информираат од УЈП, на средбата било договорено од страна на Управата да бидат организирани обуки кои ќе почнат од понеделник, со цел запознавање на студентите со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата „Work and Travel“. 

Посочуваат дека ќе бидат изготвени видео материјали и флаери кои ќе бидат дистрибуирани на студентите и врз основа на пројавениот интерес од страна на претставниците на УСС – УКИМ, видео материјалите кои ќе бидат дистрибуирани до студентите ќе бидат изготвени од нивна страна.

Реклама

-Студентите кои не извршиле поврат на данок врз основа на извршена работа преку програмата Work and Travel имаат можност да обезбедат потврда за резидентност од УЈП како би можеле да го остварат правото на поврат на задржаниот данок од странската земја (со која имаме склучено договор за одбегнување на двојно оданочување). Разговаравме и за можностите за олеснување на плаќање по доспевање на обврската, посочуваат од УЈП.

Претставниците на УСС – УКИМ презентирале идеја за формирање на работна група од нивна страна која би работела на законските измени кои се однесуваат на студентите во делот на доуредување на даночниот третман на доходот остварен преку програмата „Work and Travel“ и побарале поддршка од страна на УЈП.

-УЈП како сериозна институција даде поддршка на идни академски граѓани кои допрва ќе даваат сопствен придонес во градењето на здрав систем на однесување. УЈП ги информира сите даночни обврзници кои оствариле приходи од странство дека по завршување на законскиот рок за потврда или корекција на ДЛД-ГДП пријавата за 2025 година постои законски рок за плаќање на обврската за данок, а тоа е 30.06.2026 година, посочуваат од УЈП.

Покрај персонализирани пораки, УЈП информира дека има објавено информации на својата интранет страна во однос на оданочувањата од странство на следиве линкови:

Најчесто поставувани прашања кои се однесуваат на приходите од странство
http://ujp.gov.mk/mk/prasanja/category/2127
Соопштение на УЈП од 26.03.2026 година
http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1222
Соопштение на УЈП од 31.03.2026 година
http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1224
Меѓународни договори за одбегнување на двојно оданочување
http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregled/filter/0/md/0
Упатство за пополнување на електронска пресметка
https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE.