Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје

Со свечени богослужби и академија е одбележана 130-годишнината од изградбата на храмот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечени богослужби и академија е одбележана 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје и денешниот празник посветен на светиот великомаченик Димитриј, кој се чествува утрово со  божествена литургија, со која ќе  чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, 

По синоќешната свечена академија по повод јубилејот од изградбата на некогашниот  Соборен храм во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека храмот „Свети великомаченик Димитриј“ е „дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски“.

-Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук. 

Реклама

 Градоначалникот, кој е меѓу добитниците на признание од МПЦ-ОА по повод јубилејот од изградбата на храмот (1896-2026), им се заблагодари на  архиеископот г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, како што вели – „за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ“.
 

-Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“, напиша скопскиот градоначалник.