Инфлацијата во јануари годинава бележи месечно намалување. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот во јануари во однос на декември се пониски за 0,7 проценти, а цените на мало се намалени за 2,7 проценти.
На годишно ниво, пак, трошоците на живот се зголемени за 3,2 проценти, додека цените на мало бележат раст од 1,2 проценти. Месечното намалување најмногу се должи на поевтинувањето кај транспортот, како и кај облеката и обувките, рекреацијата и комуникациите.
Од друга страна, благо зголемување има кај домувањето, покуќнината и угостителските услуги. Премиерот, Христијан Мицкоски, вчера кажа дека очекува стабилизирање на ценовните движења во Македонија, а инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти. Тоа се должи на домаќинското работење на Владата, потенцираше премиерот.
