Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад 

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 средношколци.

– Примерот со овие младинци од Неготино говори дека има млади кои не чекаат иднина, туку ја градат. Во време кога многумина зборуваат за загадување, отпад и климатски промени како за проблеми што изгледаат преголеми за локално решавање. Станува збор за Никола Гичовски, Дончо Димитриовски и Крсте Кочовски – ученици во средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино – соопштија од проектниот тим.

Оттаму појаснија дека всушност, станува збор за проект, како органскиот отпад да не биде товар, туку ресурс, како училиштето да не биде само место за настава, туку лабораторија за иднината и како младите да не бидат само набљудувачи на општествените проблеми, туку нивни решавачи.

Реклама

Проектот предвидува развој на практични решенија, локално вклучување и создавање модел што може да има пошироко влијание во заедницата.

Зад оваа иницијатива стоела и една многу поголема цел – во градот да се воведе примарна селекција на комуналниот отпад, со што уште на почетокот би се одвојувале фракциите што можат повторно да се искористат. На тој начин, секундарно би се издвојувале суровините за рециклирање, органскиот дел од отпадот би се компостирал, а само оној дел што не може да се преработи би се депонирал – и тоа во значително намалена количина. Ваквиот пристап не значел само почиста животна средина, туку и поодговорно управување со јавните ресурси, намалување на трошоците за депонирање и долгорочна финансиска заштеда за заедницата.

– Координатор на проектот е Гичовски. Врз основа на добиените технички податоци од мерењата, тој има задача да интервенира во самиот процес преку додавање на микробиолошка култура од микрорганизми, со цел процесот на разложување на органскиот отпад да биде убрзан, насочен, следен и подобрен. Тоа значи дека проектот не се темели на импровизација, туку на следење, анализа и прилагодување – токму како што се работи во сериозни иновативни проекти – соопштија од проектниот тим.

Димитриовски бил одговорен за поставување на современа мерна техника со која се следат микроклиматските услови во компостерот. Тоа значи следење на параметри што се клучни за да се разбере како се одвива процесот на разложување на органскиот отпад.

– Во ваков процес, секој податок е важен – температура, влажност, услови во внатрешноста на компостерот. Токму тие податоци овозможуваат да се добијат вредни резултати и да се согледа дали микробиолошкиот процес се одвива правилно, стабилно и ефикасно. Кочовски подготвува објави, видеа и промотивни содржини – соопштија од тимот.

Патем споделија дека проектот бил насочен кон циркуларна економија, управување со органски отпад и едукација на заедницата, поддржан од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, имплементиран од PIN, ARNO, LEAD и „Ековита“, а финансиран од Европската Унија.