Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Економија

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот

Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам – стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам – стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос.

Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е значаен за двете пријателски држави.

– Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на капацитетите што ги имаме затоа што ова е стратешки проект кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти за Преспа, за нашите две пријателски држави – нагласи Тошковски.

Реклама

Граничниот премин од македонска страна ќе биде завршен во септември годинава, а според инвеститорите зададениот рок е 2028 година.

– Овој регион е многу важен за сите вклучени страни и за Преспа е проект што ги заштитува природните богатства, а ќе придонесе и за меѓусебна соработка на двете страни кон економска размена и зближување на регионот. Активностите од другата страна треба да завршат во февруари 2028 година – истакна евроамбасадорот Михалис Рокас.

Во изјава за медиумите, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјата, истакна дека Преспанското Езеро е прекрасно езеро и одлично е што Светскиот ден на екологијата се одбележува токму тука.

– Во оваа околност му се заблагодарувам на целиот тим, кој овозможи изградбата на проектот да достигне 60 проценти и заклучивме дека работите се придвижуваат кон својот крај – посочи Григорјан.

Граничниот премин Маркова Нога – Лемос е со сообраќајница во должина од 350 метри со четири ленти, придружни објекти и други стандарди за меѓународен граничен премин.