Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ТХП: Иселениците се мост меѓу двете држави, институциите да го забрзаат процесот за државјанство

Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на посетата на Измир оствари средби со здруженија на иселеници од Македонија, се наведува во соопштението од ТХП.

На средбите беше нагласено значењето на иселениците како силен мост помеѓу двете земји, при што беа разменети мислења за предизвиците со кои тие се соочуваат. Посебно внимание беше посветено на прашањето за добивање државјанство, каде што многу апликанти, и покрај поднесените барања, сè уште немаат добиено јасни информации за статусот на нивните апликации.

Оваа состојба претставува сериозен проблем кој бара итно институционално постапување. Партијата за движење на Турците (ТХП) останува посветена на решавање на овие прашања и ќе ги преземе сите неопходни чекори за нивно надминување, со цел заштита на интересите на иселениците и унапредување на односите меѓу двете држави.