Има пожарна, има два пинцгауера, имаме трактор еден со вода плус… Каде?… Горе од таа страна.
Македонија го преживеа најлошото. По целоноќната битка со огнената стихија, големиот пожар кај селото Лознани, на границата меѓу општините Могила и Прилеп, е ставен под контрола. Најкритично било во текот на ноќта, кога огнот се приближил до куќите и постоела реална опасност да се прошири кон селото. Пожарникарите со часови ги бранеа домовите и спречуваа пламените јазици да стигнат до населеното место. Во гаснењето биле ангажирани сите расположливи сили на Битолската противпожарна единица, а дополнителна помош пристигнала и од Дирекцијата за заштита и спасување и локалното население. Тимовите за брз одговор интервенирале со четири „Пинцгауери“.
„Во текот на денешниот ден во овој момент до 12 часот имаме најмалку 10 пожари на отворен простор. Во моментов се наоѓам на територија на општина Јегуновце, во атарот на село Копанце. Зад мене се гледа чадот од еден висок пожар планински, каде што горат грмушки и ниски растенија. На територијата на општина Студеничани, кај Скопје, дејствуваат три ер трактори на дирекцијата. таму пожарот исто така се одвива на тешко пристапен трен, односно поточно на многу места, непристапен за луѓе. Третиот пожар кој ќе го издвојам е на територијата на Македонски Брод, кај село Драговдол, таму веќе втор ден дејствува тимот за брз одговор на ДЗС, односно специјален модул за гаснење на шумски пожари, кој е составен од 25 доброволни пожарникари и пет оперативци од дирекцијата“, изјави Стојанче Ангелов – раководител на главниот штаб на центарот за кризи.

За да помогне да се спаси селото, триесет и четири годишниот Александар Чепиговски од битолското село Ивањевци со трактор влегол директно во огнената линија. Орајќи директно низ пожарната линија успеал да изгасне голем дел од пожарот кој загрозуваше еден дел од куќите во Лознани.
„Тој покажа извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик орајќи директно низ линијата на огнот со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места. Битката беше многу тешка и затоа апелирам до граѓаните да бидат многу внимателни“, изјави Стојанче Ангелов, раководител на централниот штаб за кризи.
При гаснењето на пожарот едно лице е повредено и веднаш било пренесено во болница поради изгореници на дланките. Пожарот во Лознани е само еден од 11 активни пожари на отворено што гореа на територијата на Македонија. Меѓу нив беше и еден од најризичните во атарот на селото Богомила кај Железничкатата станица, во Општина Чашка. Пожарот го гаснеа комуналните работници на општината, а пеплосани се траверси на пругата кон Битола. Според Ангелов, вчерашниот ден бил најтежок во оваа сезона на пожари. Во текот на денот имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив шест се уште се активни, но не загрозуваат населени места, ниту пак има опасност да влезат во шумски предел.

