Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од над 14 години

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека за првпат Скопје доби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека за првпат Скопје доби Центар за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре.

-Денес, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во просториите на МКЦ го отворивме Центарот за дневен престој за лица со попреченост од 14 години и нагоре. Ова е место во кое ќе има сигурност, грижа, разбирање и човечка топлина. Место во кое секој човек ќе биде прифатен таков каков што е, со своите способности, желби, потреби и потенцијали. Нашата обврска како општество не е само да зборуваме за еднаквост, туку да ја создадеме во реалниот живот – соопшти Ѓорѓиевски преку објава на Фејсбук.

Во овој Центар, како што посочува, корисниците ќе добиваат психолошка и стручна поддршка, ќе учествуваат во едукативни, креативни и рекреативни активности, ќе развиваат практични и животни вештини, ќе се дружат, ќе комуницираат и чекор по чекор ќе ја градат својата самостојност и самодоверба.

Реклама

-Но, овој Центар е важен и за нивните семејства. За родителите и старателите кои секој ден носат огромна љубов, грижа и одговорност, сакаме да бидеме вистинска поддршка. Да знаат дека нивните најмили се во сигурни раце, во средина во која се почитувани, заштитени и поттикнати да напредуваат. Никој не смее да се чувствува заборавен, оставен на страна или помалку вреден. Скопје мора да биде град кој ги штити своите луѓе. Град кој подава рака. Град во кој различностите не нè делат, туку нè прават похумани и посилни – вели тој.

Ѓорѓиевски посочува дека фокусот на Град Скопје нема да биде на ограничувањата, туку на можностите, на талентот и на способностите, на човекот.

-Овој Центар ќе биде многу повеќе од место за дневен престој. Ќе биде место за дружење, учење, развој, поддршка, пријателства и нови победи. Место каде секој човек ќе знае дека припаѓа. Затоа што Скопје е дом за сите. И наша должност е тој дом да биде сигурен, достоинствен и исполнет со грижа за секој негов човек – потенцира скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: