Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Прилози

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Има пожарна, има два пинцгауера, имаме трактор еден со вода плус… Каде?… …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има пожарна, има два пинцгауера, имаме трактор еден со вода плус… Каде?…  Горе од таа страна…

По целоноќната битка со огнената стихија, големиот пожар кај селото Лозани, на границата меѓу општините Могила и Прилеп, е ставен под контрола. Најкритично беше во текот на ноќта, кога огнот се приближил до куќите и постоела реална опасност да се прошири кон селото Лознани. Пожарникарите со часови ги бранеа домовите и спречуваа пламените јазици да стигнат до населеното место. Во гаснењето биле ангажирани сите расположливи сили на Битолската противпожарна единица, а дополнителна помош пристигнала и од Дирекцијата за заштита и спасување и локалното население. Тимовите за брз одговор интервенирале со четири „Пинцгауери“.

„Најтешката ситуација ја имавме во пелагонискиот реигон, каде пожарот загрози повеќе села како што се Ивањевци, Лознени и Новоселани. Во доцните поплавнени часови пристигнав во селото Лознени. Она што можев да го видам беше застрашувачки затоа што огнот беше 50 метри над куќите, и се движеше во висока сува трева, веднаш побарав поддршка од тимови со 4 пинцгауери од ДЗС. Овде на лице место гасеа локалните пожарникари од Битола, но нивните сили беа недоволни затоа што линијата на огнот беше екстремно долга“, изјави Стојанче Ангелов – раководител на главниот штаб на центарот за кризи

Реклама

При гаснењето на пожарот едно лице е повредено и веднаш било пренесено во болница поради изгореници на дланките. По лекарскиот преглед е пуштено дома. За да помогне да се спаси селото, триесет и четири годишниот Александар Чепиговски од битолското село Ивањевци со трактор влегол директно во огнената линија. Орајќи директно низ пожарната линија успеал да изгасне голем дел од пожарот кој загрозуваше еден дел од куќите во Лознани.

„Тој покажа извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик орајќи директно низ линијата на огнот со што го сопре ширењето на пожарот на повеќе места. Битката беше многу тешка и затоа апелирам до граѓаните да бидат многу внимателни“, рече Ангелов.

Покрај Лознани, меѓу покритичните места беше и пожарот и во атарот на селото Богомила кај Железничкатата станица, во Општина Чашка.

Според Ангелов, вчерашниот ден бил најтежок во оваа сезона на пожари. Во текот на денот имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив шест се уште се активни, но не загрозуваат населени места, ниту пак има опасност да влезат во шумски предел.

Во моментов во Македонија регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а четири се изгаснати.