Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Продолжува истрагата за ширењето паника во Скопје дека во водата наводно има ешерихија коли

Од Министерството за внатрешни работи велат дека истрагата за ширењето паника во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Министерството за внатрешни работи велат дека истрагата за ширењето паника во Скопје дека водата не е безбедна за пиење и во неа има бактерија ешерихија коли продолжува. На разговор во станица беа повикани 13 луѓе кои пишувале по социјалните мрежи без да имаат какви било информации од надлежни институции. Од полицијата потврдија дека никој од нив не кажал веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата. Сите се правдале дека претходно виделе друга објава на социјалните мрежи или слушнале од други.

Секторот за компјутерски криминал прибира докази, по што МВР ќе треба да каже дали осомничените кои ширеа лажни информации дека водата во Скопје е небезбедна ќе одговараат кривично или прекршочно. Од МВР апелираат да не се шират непроверени информации, особено за здравјето и безбедноста на граѓаните, и можат да предизвикаат неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.