Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Техничката влада пред укинување – Предлогот го помина првиот собраниски филтер

Техничката влада пред укинување. . 67 пратеници гласаа за потребата да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничката влада пред укинување. . 67 пратеници гласаа за потребата да се измени законот со кој три месеци пред секои парламентарни избори се формира Пржинска влада. Власта смета дека одамна е надмината потребата од ваков модел, кој со текот на времето се покажал како нефункционален и финансиски неоправдан.

Предложеното законско решение е со одложната примена, односно за парламентарните избори кои ќе бидат по тие во 2028 година.

  • „..со овој предлог закон се воспоставува јасна  и применлива  правна рамка која ќе ги  гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото…“стои во предлогот на ЗАКОН за изменување на Законот за Владата на Република Македонија.

Опозициската СДСМ најде нова причина за да не не ги поддржа измените. Според Оливер Спасовски власта брзала да се донесе законот и  бараат да се врати постапката од почеток.

Реклама
  • „Со тоа што денескана брзина по скратена постапка наместо во редовна постапка сакате да донесете Закон за Влада, нема да можеме да ги исполниме тие критериуми за реформската агенда, бидејќи реформскатаагенда предвидува, како и за другите законски решенија, изборниот законик, нов Кривичен законик, исто така и за нов Закон за Влада. Така да мислам нема потреба од никакво брзање во однос на носењето законско решение..“ рече Оливер Спасовски – координатор на пратеничка група на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија  дека ваквите тврдења се неточни,  за ова прашање велат  се разговарало подолго време, а го предлагале уште кога биле во опозиција.

  • „Да, во скратена постапка е, меѓутоа ќе има доволно време да се поднесат амандмани, да се разговара за сите тие амандмани поединечно и на крајот на денот да се стави на гласање ова законско решение. Ако сакате да наметнете состојба или размислување дека сме 2016 година и дека ова законско решение ќе треба повторно да седнуваме некаде да го разгледуваме, пробавме да направиме на лидерска по одлука на ова. Чудно некако ги сменивте ставовите од укинување на оваа техничка влада во повторно или плашење зошто да се укине“ рече Никола Мицевски – Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите партиски лидери беа согласни околу укинувањето на техничката Влада, што се потврди по лидерската средба која ја свика премиерот Мицкоски, но претседателот на СДСМ ја одби поканата.

Комисиската расправа е закажана за утре.