На 8 Септември – Денот кога Македонија го избра својот историски пат, бележиме нов чекор за посовремена и поразвиена Македонија, и тоа во развојот на својата инфраструктура. По речиси две децении, денеска во употреба беше пуштен реконструираниот охридски аеродром „Св. Апостол Павле“. Со инвестиција од речиси 3 милиони евра, проширени се патничкиот терминал, шалтерите за чекирање, просторот за безбедносни проверки и гејт-зоната. Новите услови треба да овозможат поголем капацитет и подобра услуга за сè поголемиот број патници. Игор Мицкоски денеска беше во Охрид.