Судењето за деветтемина полицајци обвинети за случајот со дискотеката „Пулс“ во Кочани е одложено за 1 јуни, за одбраната да има време да ги разгледа доказите. На рочиштето беа побарани дополнителни материјали од повеќе институции, додека обвинителството најави дека ќе се изјасни по нив откако ќе ги анализира.
Според обвинението, 13 полициски службеници се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
