Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина. 

Сведокот пред судот појасни дека нејзиниот годишен план за инспекциски надзор за 2022 година го опфаќал кафе-барот „Класик“, при што дознала дека постои и подружница кабаре „Пулс“. При извршениот редовен надзор таа констатирала дека првичниот правен субјект веќе не постои.

– Правниот субјект „Класик ДМ“ ДОО, на кој е одобрен елаборатот, не работеше, беше нефункционален, односно затворен – посочи сведокот.

Реклама

На прашање од одбраната дали, кога утврдила дека овие два деловни објекта работат под друго правно лице под друг назив, се вратила повторно да изврши надзор со оглед на тоа што имала на увид одобрен елаборат за животна средина, инспекторката одговори негативно.

– Тоа се субјекти што немаат влијание врз животната средина, затоа повторно не сум отишла – рече инспекторката за животна средина.

Во текот на сведочењето таа посочи дека се вршат редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори, а врз основа на дејноста и влијанието врз животната средина, вели, се определуваат субјектите за надзор во годишните планови, кои потоа се носат на потпис кај градоначалникот. Оваа постапка, според нејзината потврда на прашањата од одбранта, претставува само административна процедура.

За вршење вонредни надзори или контрола по лично забележани неправилности при рутински обиколки, инспекторката нагласи дека е потребен налог, кој го издава градоначалникот или секретарот на Општината. 

– Обично се оди со усно кажување бидејќи не се констатирани големи прекршувања. Не сум имала големи прекршувања досега и затоа не знам. Мора да имаме налог – рече инспекторката.

Таа посочи дека кафулињата поднесуваат барање за елаборат до Општината главно поради влијанието на бучавата, но потврди дека досега не добила наложувања за проверка на кабаре-клубови. 

Претходно на денешното рочиште, сведочеа преживеани во трагедијата во Кочани, кои пред судот посочија дека пожарот во кабарето „Пулс“ се раширил за 30 секунди предизвикувајќи општ хаос и стампедо кон единствениот излез. Сведоците пред судот го истакнаа она што претходно и други сведоци во постапката го имаат посочено, а тоа е дека пожарот настанал по активирање пиротехнички средства по што настапило стампедо кон единствениот отворен излез.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна на 16 март 2025 година и во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се наоѓа во фаза на доказна постапка. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.