Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Стотици деца свој дом наоѓаат во згрижувачките семејства

Да се биде згрижувачко семејство и да се преземе улогата на мајка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се биде згрижувачко семејство и да се преземе улогата на мајка на дете кое што не си го родила е хумана и благородна обврска, но и премногу одговорна, вели прилепчанката Живка Петреска која веќе 16 години се грижи за дете со посебни потреби. Нејзината штитеничка имала само девет години кога ја зела во својот дом и со својот психо-физички развој била на ниво од бебе. Но, денес, кога таа е веќе девојка од 25 години, состојбата е далеку подобра, раскажува оваа жена, не криејќи ја среќата од напредокот што го постигнале.

„Јас почнав од како со бебе да работам. Таа беше со памперс, не зборуваше, а и сега не зборува. И си почнав од почеток како со бебенце, денеска една храна, утре друга, и полека, полека за еден месец се исфрлија памперсите…Обврските се многу големи, бидејќи ние сме врзани 24/7…Тешко е…јас си ја шетам, сегде си ја шетам, и на одмор си ја носам…“, – ни рече Живка Петреска, згрижувачка.

И Резмија Мамудоска е згрижувач веќе 16 години. Таа досега исчувала седум деца. Некои од нив веќе се и возрасни луѓе, со свои семејства. Ама, вели, дека неа како мајка не ја забораваат, што и’ е особено драго.

Реклама

„Се јавуваат, не’ прашуваат, дечиња имаат. Мажени се, женети. Уште ми се јавуваат. Имам броеви, тие се јавуваат, ние се јавуваме и не’ викаат „мајко“ и „татко“. Задоволството е големо. И на гости ми идат. Е, јас немам појдено, бидејќи со децава – не можам“, – објаснува Резмија Мамудоска, згрижувач.  

Резмија во моментов чува три деца, две здрави и едно со церебрална парализа за кое вели дека треба исклучителна грижа и нега. 

„Мораш да му посветиш внимание. Да го соблечеш, да го облечиш, не зборува, не шета. Навреме да го најадеш, треба да знаеш кога му се јаде, па плаче, па не знаеш што му е. Тешко е, ама тоа е…Повеќе ние даваме трошоци за него, отколку за нас што останува. Но, нели сме хумани – тоа е“, – раскажува Мамудоска.

Овие две мајки на деца без родителска грижа, уверуваат дека на секое дете му треба семејство, бидејќи, според нивните искуства, напредокот и развојот кај згрижените деца во семејства се многу брзо видливи.

„Јас имам 20 години, јас живеам во згрижувачко семејство. Јас имам многу искрена, љубовна прегратка…Презадоволен сум, многу“, – ни изјави дете од згрижувачко семејство.

Според овие две жени, државата мора уште попосветено да работи на оваа проблематика, и во смисла на едукација на потенцијалните згрижувачки семејства, а и од аспект на финансиската поддршка како би се згрижувале што повеќе деца. Инаку, во Прилеп има 15 згрижувачки семејства во кои се згрижени 24 деца на различна возраст и со различна здравствена состојба.

Каролина Дурло