Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок

Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот.  Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. 

Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски јазици – германски, француски, италијански и руски (кои ги полагаат само гимназијалците) за август нема кандидати, исто како и за предметот  историја, кој е наменет за уметничка матура.  На 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература.

Поради значително помал број кандидати во август отколку во јуни, оваа испитна сесија ќе се организира  во четири градови на осум локации. Повторно ќе се реализира на факултетите – Економскиот, Градежниот и Педагошкиот во Скопје, како и на факултети во Тетово, Прилеп и Штип. Од средните училишта полагање ќе има единствено во спортската сала на АСУЦ „Боро Петрушевски“-Скопје,  каде што ќе бидат тестирани ученици од повеќе училишта. ДИЦ на својата веб-страница објави список  за учениците да се информираат од кое училиште каде ќе биде локацијата за полагање.

Реклама

Меѓу кандидатите што оваа недела ќе полагаат матура се и 226 матуранти на кои им бил поништен испитот во јуни – дел затоа што биле фатени како препишуваат на самиот испит, а за дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите.

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат се воведени оваа година. Просечната оценка за државна матура е 3,62, за стручна 3,91 и за уметничка 3,59.  

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска-Михајловска, на соопштувањето на резултатите минатата недела изразија задоволство од тоа што е задржан континуитетот на просечниот успех од лани, кога оценката беше 3,69, за разлика од 2024 кога беше 3,26.

-Можеме да бидеме сосема задоволни и се надевам дека овој резултат ќе го одржиме. Веќе треба само да го одржуваме. Ако е поголем ќе бидеме пресреќни. Ценам дека ова се објективни резултати. Училиштата, факултетите каде се организираа дел од тестовите, тестаторите кои беа околу 2 500 на број, околу 200 набљудувачи и оценувачите беа добро подготвени. Се разбира, и учениците сериозно го сфатија процесот. Годинава првпат се полагаше по нова Концепција која предвиде три типа на матура, со што сите ученици се тестираа по материјалот кој реално го изучувале во четирите години на средно образование, што не беше случај во минатото кога сите се тестираа по еден ист материјал. Задоволна сум што две години по ред се одржува речиси идентичен просек, за разлика од 2024 година кога изнесуваше 3,26, рече Јаневска.

За јунската испитна сесија од учебната 2025/2026 година беа пријавени 14 587 ученици  – 12 184 за полагање државна матура, 2 276 ученици за државна стручна матура и 127 беа пријавени за државна уметничка матура. На полагањето не дошле 348 пријавени, односно 2,39 отсто отсуствувале од испитите.

По објавувањето на резултатите од екстерните испити во јуни, биле поднесени 805 приговори, т.е. 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Прифатени биле за дел од матурантите, односно 0,95 проценти од поднесените приговори. Увид во тестовите извршиле 133 ученици.