Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

Силното вложување на модернизација на коридорот 10 и 10Д, како и пробивање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силното вложување на модернизација на коридорот 10 и 10Д, како и пробивање на тунелот на коридорот 8 кој ќе ја врзе земјава со Бугарија, Македонија конечно го добива приматот крстосница на Балканот. Железничкото поврзување со Црното море во Бугарија и продолжување на пругата од Кичево преку Струга до Албанија, Македонија ја поставува како главна рута на потегот Италија до Бугарија. Паралелно и силните инвестиции во модернизација на Коридорот 10Д, поврзувајќи го Солун со Брисел, конечно ќе придонесе за реален раст на македонската економија. Бизнис секторот вели дека политика на оваа Влада со силни инвестиции во инфраструктурата дава надеж дека конечно може да се ползуваат придобивките од местополжбата на државата. Но, од таму потенцираат дека Македонија не смее да остане само транзитен центар и да заработува од патарини.

Македонија мора да ги искористи можностите да постави логистички центри на кроидорите каде што се спојуваат. Да може стоката тука да дојде, да се претовари од една дестинација за друга, а не само да продолжи, туку ние да искористиме и да направиме некаков сортирен центар или центар помеѓу државите. – изјави Синиша Миланов од ССК.

Според Миланов, уште од сега Македонија мора да размисли како да направи и т.н. суво пристаниште за претовар на стока од грчките пристаништа кои често се и преоптоварени.

Реклама

„Ако не за подалеку, да бидат за земјите до Западен Балкан да може да ја користат нашата државаи и нашата сува лука како некоја тампон зона, место да одат во Грција каде што ќе им с епотребни транспортни дозволи, да дојдат во држава каде што не им требаат транспортни дозволи и полесно ќе можат да го завршат транспортот“.   

Според првите проценки на Владата, градењето на двата коридора треба да донесе дополнителен раст на БДП од 2%. Но, според бизнис секторот овој раст ќе се должи на градежни активности. За одржливост на долг рок, тие потенцираат дека во периодот што следува работат на позиционирање како компании кои ќе дадат целосна логистичка поддршка.