Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Насилството меѓу децата станува сè побрутално. Од туркање и тепачки, до нож,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Насилството меѓу децата станува сè побрутално. Од туркање и тепачки, до нож, камења и најгрубо понижување. А можеби еднакво страшен како и оној што удира е и оној што стои, гледа, снима и го објавува насилството. Надлежните велат – мора да се реагира порано, а не дури откако ќе има жртва.

„Навистина станува веќе, според мое длабоко мислење, неподносливо она што се случува. Немам впечаток дека е многу зголемена агресијата, можеби е само повидлива и попријавена, но сметам дека е станата побрутална. И во минатото децата ќе се степале на разноразни теми, и повеќе од она што вообичаено го велиме тинејџерско туркање, докажување и така натаму. Но сега имаме гаѓање на цигари од тело, имаме бодење со нож, имаме понижување во најгрубата форма која може да постои на едно човечко суштество“, вели министерката Весна Јаневска.

Министерството за образование најавува системски пристап – наставниците да бидат обучени да ги препознаваат првите знаци на агресија кај учениците, но и знаците дека детето доаѓа од семејство во кое има проблеми. Проектот се реализира со Комората на психолози и со вклучување на стручните служби, наставниците и родителите. Досега се одржани седум настани во 30 општини.

Реклама

Но превенцијата не е единствената мерка. Министерството предлага и санкции и казни за родителите на децата кои вршат насилство. И тој закон во моментов е во Собрание и го очекуваме да биде изгласан што е можно побрзо.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, пак, предупредува дека борбата против насилството не може да започне само кога ќе се случи инцидент. Според неа, однесувањето се учи – па затоа и љубовта, почитта и мирното решавање на конфликтите мора да се учат од најрана возраст.

Од училиштата се бара да бидат безбедно место за учење, а не место каде што детето ќе стравува од другото дете. Обуките, раното препознавање и санкциите се дел од системот што треба да спречи насилството да стигне предоцна.