Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Три пати пониска инфлација денес за разлика од времето на СДСМ

Талогот на СДСМ со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, а и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот на СДСМ со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, а и селективно молчи. Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за во јули 2026 година, 2,3% на годишно ниво. Просекот на Европската Унија изнесува 2,9%. Со други зборови, опозицијата тврди дека земјава тоне економски, кога напротив бележи една од најниските стапки на поскапување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Движењето низ месеците дополнително ја разголува тезата на СДСМ како конструкција без покритие, март месец годинава инфлација 4,9%, малопродажни цени 3,4%,  април инфлација 5,7%, малопродажни цени 5%, мај инфлација 4,8%, малопродажни цени 5,6%, јуни инфлација 3,4%, малопродажни цени 3,6%, додека пак јули имаме инфлација 2,3%, малопродажни цени 1,8%.

Од априлскиот максимум до јули, годишната инфлација е намалена за 3,4 процентни поени, што практично значи пад од близу 60%. Кај прехранбените производи, каде поскапувањето падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули  намалување од 3,8 процентни поени за само два месеци.

Реклама

Во периодот март-јули 2022 година, кога економската политика ја кроеја токму луѓето кои денес се прогласуваат за “економски експерти”, просечната инфлација изнесуваше 12,34%, а малопродажните цени растеа со 12,1%. Денес, во истиот временски интервал, бројките се 4,22% и 3,88%. Разликата е речиси трикратна, тоа им смета на СДСМ.

Комбинацијата на пониска инфлација, растечки извоз, зголемено производство и намалена невработеност е доказ за конзистентноста во економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Не постои спин-стратегија што ќе ги избрише годините на нивно управување, годините на исцрпена каса, замрзнати инвестиции и стагнација. Токму затоа секој обид на СДСМ да зборуваат за економија денес е обид да побегнат од сопствената сенка. Можат да менуваат наративи секоја сезона, но не можат да станат економски експерти, со таква историја како нивната на управување.