Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Летната жештина за некого значи клима-уред, ладен пијалак и барање сенка. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Летната жештина за некого значи клима-уред, ладен пијалак и барање сенка. За друг, особено за луѓето над 65 години, може да биде сериозен здравствен ризик. Во денови кога температурите во Македонија се искачуваат до екстремно високи вредности. Институтот за јавно здравје предупредува дека токму повозрасните граѓани треба највнимателно да го организираат денот. Причината не е само возраста. Со годините организмот потешко се приспособува на високи тетемператури, а кај голем дел од повозрасните лица дополнителен фактор се хроничните заболувања и терапијата што редовно ја користат. Одредени лекови, посочуваат од ИЈЗ, можатда влијаат врз нормалната реакција на телото на топлина.

Хроничните болни кои се со кардиоваскуларни заболувања, со пулмолошки заболувања односно невролошки заболувања, треба да ја земаат редовно својата терапија во текот на денот. Исто така кај лицата над 65 годишна возраст кои ја земаат редовно терапијата ако не се чувствуваат добро во текот на денот треба да се консултираат со своите матични лекари. Во однос на бремените жени, тие треба да ги слушаат препораките кои што им ги даваат нивните матични гинеколози. – изјави д-р Давид Здравески од ИЈЗ.

За сите други важат веќе познатите препораки – тие што работат на отворено, да внесуваат доволно течности, да избегнуваат напорна физичка активност особено во периодот од 11 до 17 ч. и да прават повеќе паузи во текот на денот. Да се носи лесна облека, и да се избегнува тешка храна.

Реклама

Носење на лесна облека и  внесување соодветна количина на течности, во однос на исхраната да се внесува што е можно поголемо количество на лесна храна, помалку да се внесува храна која што е масна, висококалорична храна, да не се внесува храна која што содржи големо количество на шеќери. -вели Здравески.

Како дополнителни пропораки кои надлежните ги посочуваат се поредовно бањање со млака вода повеќе пати во денот, носење светла облека и престојување во климатизирани простории. Препорачливо е ако температурата е над 39 степени, клима уредите да не бидат пуштени на најјако, туку на околу 25 степени, за телото побрзо да се адаптира ако се излезе надвор. Носење светла облека, капа, очила за сонце и заштитен фактор 30 треба да бидат неизбежни додатоци за оние кои мора да изложат на сонце.Има уште еден совет кој лесно може да се занемари – во периодот од 13 до 17 часот да не се користат шпорет, рерна и други уреди што дополнително ја загреваат просторијата, и да се спуштата ролетните ако ги имате.