Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

Блокада на собранието за политичка пресметка со власта е начинот на кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блокада на собранието за политичка пресметка со власта е начинот на кој ДУИ се обидува да остане релевантен на политичката сцена. Експертите сметаат дека партијата на Али Ахмети е подготвена на потполна блокада на реформската агенда на владејачкото мнозинство, за, во отсуство на вистинска политичка понуда, да се прикаже како моќна сила пред електоратот.

„Оваа ситуација пред се треба да се гледа како политичка пресметка, а не само како парламентарна процедура. ДУИ со двете крила на Алијанса на Албанците, зборувам за Таравари и Села, олигледно дека поседува доволно гласови за да ги блокира законите за кои е потребно бадентерово мнозинство. Со тоа блокада на овие закони лесно може да прерасне во поширока блокада на Собранието. Во исто време ДУИ во целата оваа ситуација да ја претвори во аргумент, дека ВЛЕН не успеваше во изминативе две години успешно да ги застапува интересите на албанците“, вели политикологот Џенур Исени.

Реклама

Не се работи повеќе само за законот за правична застапеност и пакетот за високо образование. Според најавите, од ДУИ нема да бидат поддржани ниту измените на Законот за просветна инспекција, Законот за заштита на културното наследство, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците, Законот за филмска дејност, Законот за основање Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Законот за правата на заедниците што се помалку од 20 отсто од населението.

Експертите сметаат дека блокадата на собранието од страна на пратеницвите на ДУИ, би можела да трае до следните избори,

„Доколку ДУИ остане на стратегијата на блокада до следните избори, ова може да стане долгорочен политички конфликт, а не само спор за неколку закони. Мислам дека сето тоа го прави ДУИ за да предизвика предвремени избори, бидејќи од таму мислат дека во албанскиот електорат се далеку пред ВЛЕН“, додава Исени.

Албанскиот опозициски блок веќе еден месец го кочи донесувањето на законот за правична застапеност, како и три закони од областа на високото образование.