Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

Преполовени сообраќајките благодарение на камерите на „Сејф Сити“. Намалена е и бројката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преполовени сообраќајките благодарение на камерите на „Сејф Сити“. Намалена е и бројката на смртни случаи. За познавачите, брзината непочитувањето на правилата и ризичното однесување и понатаму се главните фактори кои придонесуваат за трагедиите. Велат една грешка зад воланот, може да доведе до фатални последици. Особено во лето кога високите температури дополнително влијаат врз концентрацијата и заморот.

„Тие сообраќајки се многу тешки посебно во летниот период кога температурите се високи, кога предизвикуваат намалување на концентрацијата на возачите, пешаците, мотоц иклистите. Потребно е зголемено внимание за да не дојде до несакани последици. Сејф сити е голем чекор во безбедноста и во менаџментот на безбедноста на сообраќајот, еден од најголемите чекори, меѓутоа таму кај што е поставен. Возачите многу лесно се научија да ги почитуваат правилата да возат со намалена брзина, затоа што никој не сака да биде казнет. 05:06 Но, истиот не може да ни ги реши сите проблеми, сообраќајната култура треба да биде на прво место и почитување, ако ги немаме потребни се санкции“, изјави Верица Данчевска – сообраќаен инженер.

Пред инсталирањето на камерите во Македонија во просек, по 150 луѓе во годината ги губеа животите на македонските патишта. Но, не секоја сообраќајка е само последица на грешка на возачот. Понекогаш проблемот може да биде и во самата сообраќајница и несоодветната сигнализација.

Реклама

„Недостаток на сообраќајна сигнализација тоа се сообраќајните хоризонтална и вертикална,  Недостатокот од истата е сериозен проблем. Доколку е во општините спаѓа под локалната самоуправа, сите градоначалници потребно е да имаат механизам со кои ќе ги следат отстранувањата односно недостатоците на сообраќајните знаци, и ќе бидат истите обновувани односно одржувани“, изјави Верица Данчевска – сообраќаен инженер.

Статистиката покажува позитивен тренд. По воведувањето на системот „Безбеден град“ бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за околу 40 проценти. Во периодот од 1 февруари до 22 јуни 2026 година загинале 34 лица, наспроти 55 лица во истиот период лани. Во истиот период, преку камерите биле регистрирани 120.000 сообраќајни прекршоци. Дури 95 проценти од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Камерите од „Безбеден град“ се поставени во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10. Министерот Тошковски најави дека до крајот на годинава проектот ќе биде целосно имплементиран низ целата држава.