Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Пенизонирањето не значи крај на работниот век. За некого значи одмор, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пенизонирањето не значи крај на работниот век. За некого значи одмор, но за други значи продолжување на професионалната кариера или пак можност за дополнителна заработка. Но, за бизнис секторот ова значи дополнителна работна сила во време кога пазарот нема доволен број на искусни и квалитетни работници кои имаат знаење и вештини кои ќе придонесат за раст на економијата.

„Фактот е дека ако имаме 340.000 пензионери, 3 проценти, 5 проценти од тие да бидат во функција на бизнисите, на приватниот бизнис, значи еден потенцијал од околу 20 до 25 илјади луѓе. Ако имаме потребата за вработени за нововработени во приватниот сектор е околу 10.000 во приватниот сектор. Значи овој потенцијал е и тоа како“, вели Драган Пехчевски, Претседателот на УО на ССКМ.

 А, за да се излезе во пресрет на бизнис секторот, во Македонија веќе функционира законското решение за вработување на пензионери кој е донесен на почетокот на годината. Од министерството за економија потенцираат дека има интерес за искористување на поволностите од бизнис секторот, но резултатите ќе бидат видливи до крајот на годинава.

Реклама

„Со измените од јули 2026 година се прецизира дека едно лице може да биде ангажирано сезонски најмногу 60 дена годишно. Работадавачот пак може да користи ангажирање најмногу 180 дена во текот на една каледнарска година. Главната цел на ангажирањето на пензионерите е да бидат дел од формалната економија и да имаат можност доколку сакаат да бидат работно ангажирани“, велат од Министерството за економија и труд.

Дополнително, бизнис секторот стои на ставот дека пензионерите и невработените над 60 години може да придонесат за развој на бизнисите во три сегменти од работењето во компаниите. Најмногу како подучувачи во одредени сегменти или даватели на услуги.

„Едното е менторинг, консталинг, во делот на апсилинг, рискилинг на работната сила. Вториот дел може да биде нивно ангажирање во делот на занаетчиските работи, во колку некои занаетчија или некој со специфични вештини веќе се пензионирал, меѓутоа тие вештини се потребни на пазарот он може да обучи и некои други луѓе, трета работа е каде што  тие може да имаат учество во лесни административни активности, да одменат некој кој технички би бил ангажиран во други активности“,додаде Пехчевски.

Стареењето на населението и намалениот наталитет се причина бизнис секторот да верува дека иднината е во активно користење на услугите на повозрасната категорија на граѓаните. сребрената економија, како што е називот кој го користи Европа, се наметнува како основа за развој на бизнисите во иднина.