Конечно, се закажува втор ден за надзорната расправа за АЛТА БАНКА…Замислете, толку „итно“ беше ова прашање, што дури после 10 дена ја свикаа првата, а за после две недели од првата – и втората сесија од надзорната, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на пратеничката Дафина Стојаноска.
Толку од сериозноста на темава и сериозноста на опозицијата.
Инаку, да, буџетот е во тек сега, но токму заради тоа ние инсистиравме, замолувавме и повикувавме надзорната што побрзо да почне и што побрзо да заврши.
Сами себе се демантираат и навистина не знаат кај тераат. Некој ќе каже: седете си раат со слаба опозиција. За жал, не е добро ова ниту за власта, ниту за државата. Но, тоа е што е. Следна среда… со нови сведоци и нови прашања и разобличувања.


