Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Сто педесет и две години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, авторот на „За македонцките работи“

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.

Неговото име неразделно се поврзува со книгата „За македонцките работи“, објавена во Софија во 1903 година, дело во кое ги изложува своите ставови за македонскиот јазик, националната посебност и потребата од создавање македонски литературен јазик.

Мисирков основното образование го завршил во родното место, а потоа се школувал во Белград, Софија и Шабац. Образованието го продолжил во Русија, каде што ја завршил Духовната семинарија во Полтава, а во 1902 година дипломирал на Историско-филолошкиот факултет во Санкт Петербург. Во текот на образованието и научната работа се занимавал со словенската филологија, историјата, етнографијата и националните прашања.

Реклама

Книгата „За македонцките работи“ содржи пет статии во кои Мисирков ги разработува прашањата за македонската национална посебност, политичката и културната положба на Македонија, како и за потребата од сопствен литературен јазик.

Особено значајна е статијата „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“, во која ги образложува принципите врз кои треба да се заснова македонскиот литературен јазик. Тој се залагал за јазична основа врз централните македонски говори, односно прилепско-битолското наречје, и за фонетски правопис.

Во 1905 година во Одеса го објавил списанието „Вардар“, прво списание за наука, литература и политички прашања целосно на македонски јазик. Во него Мисирков објавил текстови посветени на македонското прашање, јазикот и националната афирмација.“

Мисирков во текот на животот се занимавал со научна, публицистичка и просветна дејност, а неговото творештво претставува важен дел од развојот на македонската национална мисла и македонскиот литературен јазик.

Починал на 26 јули 1926 година во Софија, на 51-годишна возраст.