Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Цанов објави пораки од Михаилова и мајка ѝ: барале да ја повлече снимката за ДАНС стравувајќи дека „сите ќе умрат уште вечерва“

– Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео во кое презентира пораки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео во кое презентира пораки и делови од телефонски разговори со Ива Михаилова и мајка ѝ Христина тврдејќи дека тие се обидувале да го убедат да ја повлече претходно објавената снимка за наводните притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).

Според Цанов, Михаилова му пишала само неколку минути по објавувањето на првото видео, во кое зборуваше за притисок од бугарските безбедносни служби. Во пораките, како што тврди јутјуберот, таа изразувала страв за сопствената безбедност, но и за безбедноста на нејзините родители.

– Јави ми се веднаш. Крени ми зашто сите ќе умреме уште вечерва – е една од пораките што Цанов ги презентира во новото видео.

Реклама

Тој тврди дека Михаилова го молела да ја отстрани снимката стравувајќи од последиците поради она што претходно му го кажала. Според неговото објаснување, пораките подоцна биле избришани, но тој претходно направил видеоснимка од нивната преписка.

Во новото видео е објавен и дел од телефонски разговор со жена за која Цанов тврди дека е мајката на Михаилова. Во разговорот таа бара да не се споменуваат безбедносните служби наведувајќи дека тоа е нејзиниот единствен услов и дека во спротивно би можела да биде ликвидирана.

Цанов вели дека располага со целосни аудиоснимки од разговорите, кои, според него, траат повеќе од два часа и дека е подготвен да ги достави на проверка.

Претходно, Цанов објави снимка од разговор со Михаилова, во која таа зборуваше за притисоци од ДАНС, поврзани со нејзиното медиумско појавување и условите за добивање помош за лекување и правна поддршка.

Според нејзините тогашни тврдења, од неа било побарано првин да даде интервју кај новинарот Мартин Карбовски, а доколку претходно гостува на друго место, би можела да ја изгуби поддршката за рехабилитација и адвокати. Михаилова потоа гостуваше кај Карбовски.

Сепак, на 15 ноември таа преку објава на социјалните мрежи порача дека никој во Бугарија не ја принудувал да прави нешто против своја волја.

– Тука добив помош, грижа и поддршка – напиша Михаилова упатувајќи апел до јавноста да ја остави на мир за да може да се посвети на лекувањето.

Бугарската ДАНС ги отфрли обвинувањата соопштувајќи дека нејзини службеници не вршеле притисок врз Михаилова. Од агенцијата посочија и дека потеклото на објавените снимки не е потврдено, а изнесените тврдења не се докажани. Мартин Карбовски, пак, негира дека е агент на ДАНС. сст/са/