Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, соопшти УХМР.
Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено
силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

